Која е најголемата грешка за куферот за време на патувањата?

Одморите и патувањата треба да се вртат околу забавата, опуштањето и да бидат прилика за „побегнеме“ од секојдневието.

Меѓутоа, многу луѓе можат да се опуштат само ако знаат дека се е безбедно – домот, парите, документите, багажот.

За да се осигураме и да ги намалиме потенцијалните непријатности во случај нашиот куфер да биде загубен, најчесто на него лепиме или прикачуваме ливче со податоците – име, презиме, адреса, број на телефон…

Сепак, ова е голема грешка, зашто со тоа ја загрозуваме сигурноста, наместо да ја засилиме.

Доколку залепите ливче со адреса и сите податоци на куферот, вие порачувате „овој стан е празен, можете да не ограбите“.

Не е добра идеја ниту да ставате адреса на некој од блиските пријатели или членови на семејството зашто потенцијалните крадци не знаат чиј е тој дом, и доколку намерат – секако ќе се обидат да извршат кражба.

Но сепак, факт е дека куферите често се губат, особено ако летате со авион, така што ливчиња со податоци на куферот сепак ви се потребни.

Најпаметно што можете да направите е да ги оставите податоците од фирмата во која работите и вашиот мобилен телефон. На тој начин, доколку вашиот куфер се загуби, надлежните ќе можат да стапат во контакт со вас или со некој кој ве познава, а вие ќе ги добиете работите назад.

грабежгрешкакуферпатувањеподатоци