Која болест ви се заканува според месецот на раѓање?

Според податоците добиени од истражувањето научникот Никола Татонети кое било спроведено врз 1,7 милиони луѓе, родени во јануари – најчесто боледуваат од хипертензија, додека фебруари како месец на раѓање носи артијална фибрилација, пореметување на срцевиот ритам кое предизвикува треперење на преткомората.

-Астрологијата се темели на месецот во кој сте родени, што им штети на ваквите истражувања, бидејќи таа нема никакви научни докази кои би ја поткрепиле. Периодот во годината кога сте родени се отсликуваат врз вас по раѓањето – рекол Татонети.

Исто така неговото истражување покажало дека и пролетните месеци донесуваат болести на срцето, па така, оние родени во март боледуваат од атеросклероза, а оние кои роденденот го слават во април, не можат да избегнат ангина пекторис.

Родените во мај, јуни јули и август најчесто се многу здрави и поштедени од лоши болести, кои повторно се јавуваат во септември, кои боледуваат од астма.

Од друга страна, октомври носи ментални болести, ноември чести инфекции, додека родените во декември се борат со бронхитисот уште од најрана возраст.

болестиистражувањемесец