Кој зеленчук подобро го хидрира телото од водата?

Секоја клетка во телото е составена од вода и на секоја ѝ е потребна оваа течност за правилно извршување на сите клеточни функции. Консумирајте редовно вода и изедете некој од следните производи за супер хидратација и електролитен баланс:

Краставицата содржи висок процент на вода, но и на витамин Ц. Од минералите е богата со калциум, магнезиум, калиум и натриум. Таа е одличен избор, бидејќи освежува и ги обезбедува потребните хранливи материи.

Доматот содржи многу вода и влакна. Тој, исто така, е одличен извор на антиоксидантикои помагаат во намалување на оштетувањето на кожата при изложување на УВ-зрачењето.

Тиквичката содржи дури 95 отсто вода и е еден од најдобрите производи што се однесува на хидратацијата. Таа во себе има мошне малку калории, многу диетални влакна и е одличен извор на фолна киселина и витамините А и Ц.

водадоматпопуларнохидрирање