Кој пие џин знае зошто е емотивен!

Новата студија посветена на тоа како различни алкохолни пијалаци влијат на емоциите утврдено е дека џинот најмногу поттикнува на солзи и тага за разлика од вината или пивата.

Со истражувањето се опфатени околу 30.000 луѓе на возраст од 18 до 34 години, а дури една четвртина од испитаниците кои пиеле џин изјавиле дека пијалакот поттикнал емоции дури и агресија за разлика од 17 отсто од тие кои пиеле црно вино и девет проценти кои пиеле бело вино или пиво.

Од друга страна џинот дефенитивно најмногу релаксира, па со самото тоа буди и емоции.

– Со векови се тврдеше дека рум, џин и вотка поттикнуваат на насилство, а всушност овие пијалаци најмногу будат емоции. Побрзо се пијат, а имаат поголема концентрација на алкохол. Кога алкохолот „ќе удри“ во крвта во исто време ја намалува можноста мозокот да ги ублажи импулсивните чувства и размислувања за последиците, изјави професор Марк Белис.

Џинот со векови беше на лош глас, а во 17 век е наречен дури „мајчина пропаст“. За овој алкохолен пијалак се наведуваше дека ги прави жените стерилни и оти џинот е виновен за намалување на популацијата во Лондон.

емоциипопуларносолзитоникџин