Танга да се избегнува особено за време на менструален циклус. Ако сепак го сакате овој модел, тогаш треба да биде од памучна ткаенина, редовно перење на високи температури и одржување на интимната хигиена. професори по гинекологија велат дека тангата не е толку лош избор, но се зависи од склоноста кон инфекции. Кај здрав организам не пречи, но мора да се избегнува носењето на танга ако има предиспозиции за уринарни и гинеколошки инфекции. исто така според женските лекари, се зависи каков е материјалот на тангата. Секси облеката најчесто е направена од материјал со лош квалитет. важно е гаќите да бидат од памук, во спротивно се лесна подлога за ширење на бактерии. Со сите овие недостатоци , според лекарите клучна е врвката што го дели задникот од која многу лесно се шират бактерии од едно место до друго.
– Ако имате мали количини на E. coli во цревата тие ќе останат на задниот дел од врвката и лесно ќе преминат во предниот дел, бидејќи материјалот постојано се движи. на тој начин бактериите од цревата ќе стигнат до вагината, предупредуваат гинеколозите.
На овој начин жените влегуваат во маѓепсаниот круг на танга и лекувањето е многу долго. Тангата не се препорачува и за оние кои се склони на хемороиди бидејќи може да дојде до влошување на состојбата.