Кој е најдобриот лек против депресија?

Најново британско истражување го открива позитивниот ефект на зеленилото врз нашето ментално здравје. Научниците тврдат дека кога имаме негативни мисли зелените крошни на дрвјата даваат утеха и олеснување.

Истражувањето покажува дека жителите на Лондон кои живеат во улица со дрворед конзумираат многу помалку антидепресиви во споредба со оние кои се опкружени со студен бетон.

– Веќе е докажано дека присуството на зелени површини позитивно влијае на нашето расположение. Затоа е логично да имаат ефект и на употребата на антидепресиви, изјави д-р Филип Роуд.

Близината на некоја зелена површина, било да станува збор за шума, градина, дрворед или парк, претставува значаен извор на среќа, бидејќи го намалува стресот од градскиот живот.

Доколку се претстојува во шума тогаш се вдишуваат исклучително здрави материи кои ги испуштаат дрвјата, а претстојот во вакво опкружување го намалува притисокот и го подобрува расположението.

депресијадрвјазеленилолековипопуларно