Постојат околу 45 видови на папаја. Плодот има зеленкаста или жолта кора, додека бојата на пулпата варира од портокалово, розе па сѐ до црвено. Месото на папајата е меко, сочно и благо. Во средината има семчиња кои во Централна Америка се користат како зачин сличен на бибер.
Зрелиот плод може да се користи во свежа состојба или да се суши и таков да се користи како здрав десерт, за појадок со мусли или како додаток во колачи. Папајата содржи ензим папаин кој го поттикнува варењето на протеините и делува антибактериски. Папајата е богат извор на витамин А, фолна киселина, витамин Ц, калциум и диетални влакна кои ја подобруваат дигестијата.
Изолеуцин – важен е за растот и за интелектуалниот развој на човекот. Важна улога има во синтезата на некои неесенцијални аминокиселини.
Леуцин – ги поттикнува мозочните функции, го зголемува ослободувањето на енергија од мускулното ткиво.
Лизин – овозможува создавање антитела во крвта, го забрзува растот на клетките и го подобрува крвотокот.
Метионин – овозможува подобро разложување на мастите, ја поттикнува работата на црниот дроб и го смирува нервниот систем,
Валин – помага при координација на мускулниот состав и е важен за одржување на концентрацијата.