Едно американско истражување објавено неодамна покажа дека вежбањето наутро е најдобро за телото, бидејќи има повеќе од една корист од него.
Вежбањето наутро, веднаш по будењето резултира со зголемување на бројот на невротрансмитери. Тие се корисни на повеќе од еден начин, го избиструваат умот и ги активираат сетилата. Исто така, вежбањето рано наутро ги подобрува когнитивните функции.
Од здравствена страна, вежбањето наутро го припремува телото за остатокот од денот, ве одржува активни, ви помага полесно да се носите со стресот, и ги прави вашите перформанси подобри.
Голем број експерти тврдат дека телото подобро согорува масти во текот на утринските часови. Доколку јадете пред вежбањето, тоа ќе го забави процесот на согорување на масти.
Освен за слабеење, вежбањето наутро е идеално и за градење на мускулна маса.