Истражување на шведски научници покажува дека бројот на чевлите кој го носите зборува колку долго ќе живеете.
Со истражување започнале 1987 година, кога учествувале околу 800 мажи и жени, додека новата студија вклучува неколку илјади испитаници.
– Користевме компјутеризирани податоци за да ги споредиме сите области на Шведска. Проучувавме на која возраст починале и причината за смртта и откривме дека големината на чевли дефинитивно е поврзана со времето колку долго тие живееле- вели д-р. Ханс Бјорс, епидемиолог од Стокхолм.
Сепак, истражувачите забележале дека можно е луѓето да живеат подолго од тоа што големината на нивните чевли зборува, но само доколку прифатат необично здравствено-ориентиран начин на живот, со посебно внимание кога станува збор за исхрана и вежбање.
Научниците составиле табела која покажува кој е тој опсег на години во споредба со бројот на чевли.