Жените кои забремениле неочекувано имаат 11 отсто поголеми шанси да паднат во постпородилна депресија. Ова е заклучокот истражувањето на Универзитетот во Северна Каролина. Експертите велат дека овие жени во текот на бременоста се многу повеќе загрижени за тоа дали ќе направат некоја грешка и како ќе се снајдат во неочекуваната улога на мајка. Затоа за нив не било ни чудно што по раѓање на бебето паѓаат во депресија.
Во истражувањето биле вклучени 700 бремени жени кои биле поделени во три групи: оние кои ја планирале бременоста, тие кои не сакале да имаат деца и третите кои сакале дете но не во периодот кога настанала бременоста. Заклучокот е дека постпородилната депресија е почеста во првите три месеци кај мајките кои имале непланирана бременост отколку жените кои тоа го планирале (пет проценти). Истиот тренд продолжил и година дена по породувањето – 12 проценти кај првите во спроедба со само три проценти кај жените кои ја планирале бременоста.
Експертите констатираат дека многу фактори придонесуваат за појава на постпородилна депресија. Сепак, резултатите од истражувањето укажуваат дека непланирана и несакана бременост може да биде еден од најважните услови за појава на депресија. Непланираната бременост може да остави и долгорочни последици за жената. Затоа, лекарите треба да побараат од жената уште во текот на следење на бременоста дали таа е планирана или не за да можат да го проценат ризикот од постпородилна депресија.