Кои витамини треба да ги пијат жените по 30-тата година?

1. Витамини Е и Ц

Го штитат телото од слободните радикали кои придонесуваат за развој на многу модерни болести, но и го штитат телото од процесот на стареење. Токму затоа секој ден би требало да внесуваат барем 15 mg витамин Е и 75 mg витамин Ц.

2. Витамин Б9

Жените кои планираат бременост во 30-тите треба да внесуваат поголеми количини витамин Б9, односно фолна киселина.

3. Витамин Д и калциум

Дамите во 30-тите веќе сериозно треба да размислуваат за здравјето на коските. Додатоците како калциум доаѓаат во комбинација со витамин Д, кој ја подобрува апсорпцијата.

4. Железо

Железото е важен минерал, посебно за жените кои имаат обилни менструации или се бремени. Недостатокот на железо предизвикува замор, ја зголемува шансата за инфекции, односно го спречува телото да ја одржува нормалната телесна температура. Жените би требало да внесуваат минимум 18mg железо дневно.

5. Магнезиум

Ако мускулите неконтролирано ви се грчат или чувствувате замор, веројатно ви недостасува магнезиум. Секој ден би требало да внесувате околу 350mg магнезиум, а трудниците барем 100mg повеќе.

витаминиженипопуларностареење