Првите симптоми после угризот се болка и оток.
Потоа забрзано се шири и може да ја зафати целата нога или рака, зависи каде е угризот, а се јавуваат и несвестица, повраќање, а понекогаш и плускавци на местото на угризот.
Ако се случи вакво нешто и имате некои од симптомите веднаш упатете се во најблиската болница.Всушност многу доктори се сложуваат дека опасноста од змијскииот отров е токму алергиската реакција. Замотајте го местото со завој и упатете се кон болница.
Никако не пробувајте да го исцицате отровот, или да ја стегнете раката или ногата. Доволно е само раната да ја преврзете. Никако немојте ни да ја одмивате со алкохол, со тоа само го забрзувате ширењето на отровот.