Кои се ризиците од немањето на физичка активност?

Над 80% од адолесцентната популација во светот се недоволно физички активни. Недоволната  физичка активност е еден од водечките фактори на ризик за смрт во светот. Околу 3,2 милиони смртни случаи во светот се поврзуваат како индиректна последица од физичка неактивност. На глобално ниво, од четворица возрасни, еден е физички неактивен. Луѓе кои се недоволно активни имаат 20% до 30% поголем ризик од смрт во споредба со луѓето кои се доволно активни.

На глобално ниво, околу 23% од лицата на возраст од 18 и повеќе години не биле доволно активни во 2010 година (20% мажи и 27% жени). Во земјите со високи приходи, 26% од мажите и 35% од жените биле недоволно физички активни, во споредба со 12% од мажите и 24% од жените во земјите со ниски приходи. Нивото на физичка активност често  варира со падот или зголемувањето на бруто националниот приход. Намалувањето на физичката активност  делумно се должи на неактивност во слободното време и „седечко“ работното место. За тоа придонесува и прекумерното користење на моторни возила, лифт и слично во текот на денот при извршување на секојдневните активности. На глобално ниво, 81% од адолесцентите на возраст од 11-17 години биле недоволно физички активни во 2010 година. Девојките биле по неактивни од момчињата, со 84% наспроти 78%.

Физичката неактивност е глобален проблем на јавното здравство. Физичката неактивност е четврти водечки фактор на ризик за смртноста на глобално ниво со 6% од смртните случаи.

активностгојазностпопуларносмрттизикфизичка