Кои се први симптоми на алергија кај деца?

Сите новопечени родители имаат голем страв од тоа нивното дете да не развие алергија кога пробува нова намирница која се воведува во менито со храна.

Постојат неколку симптоми на алергија на кои особено треба да обратите внимание, кај дечињата помали од 2 години.

Првиот симптом е дека го ставаат прстето во уста за да го чешаат јазикот.

Испуштаа необични звуци како кашлање или давење.

Се чешкаат кај пределот на ушите.

Децата од две години нагоре можат да ви кажат и дека имаат чуден вкус во устата, дека ги чеша јазикот, чувствуваат како да имаат печење или бубачки во ушињата.

Може да чувствуваат и чудна затегнатост на усните.

Препознајте ги овие симптоми на алергија, за да не настане голем проблем.

алергијадецапопуларносимптоми