Кои се добрите страни на топлото лето?

Топлината може да биде исцрпувачка за телото, а понекогаш и смртоносна. Но, летото има и свои добри страни.

Како прво, за време на летен одомор се полнат батериите. Со земање на пауза од работа и активен одмор се намалува стресот и се подобрува расположението. Многу луѓе одморотги инспирира кон нови цели или подобрување на нивната мотивација. Во лето има многу овошје. Здрави и вкусни плодови од сите бои и полни со витамини. Јагоди, боровинки, цреши, кајсии, праски и дињи се полни со антиоксиданси, имаат многу малку калории и освежуваат. Црешите го забрзуваат опоравувањето по напорен тренинг, боровинките го намалуваат холестеролот а малини и капини се одличен извор на влакна ..Во лето се потиме. Овој феномен е исклучително добар. Потењето може да помогне за надминување на инфекција, бидејќи кожата се чисти од бактерии и габи. Тоа ја поттикнува и циркулацијата и ги отвора порите, што е од корист при појава на акни. Во лето срцето е безбедно. Истражување од пред една деценија покажа дека ризикот од срцев удар и срцеви заболувања се поголеми во зима. Поточно, дури 26-36 проценти е поголема шанстаа за срцев удар или срцева слабост и други срцеви болести во зима. И за крај, во лето карактеристично е пливањето кое ја намалува депресијата и го подобрува расположението, а се користат сите мускули, вклучувајќи ги и оние кои страдаат од болки во зглобовите или артритис – можат да пливаат без влошување на симптомите.

летоовошјеодморпливањерасположениетопло