Кои производи мора да ги чувате во фрижидер?

Во продолжение, проверете кои групи на намирници треба да се чуваат во фрижидерот.

Готови сосови – соја сосот, разните лути или рибји сосови и кечапот не се расипуваат доколку не се во фрижидер, но истите го губат својот квалитет. Поради тоа, чувајте ги на ниски температури за да уживате во нивниот оригинален вкус.

Овошни сокови – многумина ги игнорираат пакувањата на соковите на кои пишува дека сокот, по отворањето мора задолжително да се чува во фрижидер. Исто така, обратете внимание на рокот на траење, бидејќи поголемиот дел од овошните сокови смеат да се консумираат само три дена по отворањето.

Овошје со семки – сливите, праските, кајсиите, црешите и сите останати овошја со семки брзо созреваат и омекнуваат. Ниските температури го забавуваат тој процес, што резултира со свежо овошје на подолг период.

Доколку сте купиле овошје кое сè уште не е дозреано, прво оставете го 2-3 дена на собна температура, а потоа чувајте го во фрижидер. Така ќе му го продолжите рокот на траење за недела дена.

Јаткасти плодови – плодовите се полни со природни масла поради што можат лесно да се расипат на собна температура и да станат горчливи. Поради тоа, чувајте ги во фрижидерот, а со обѕир на тоа дека содржат многу малку вода, можете да ги чувате и во замрзнувач без да се замрзнат.

Свежи зачини – “тврдите” зачини кои имаат дрвенести стебла како што се рузмаринот, ориганото и мајчината душичка треба да се замотаат во влажна хартија а потоа да се стават во пластична ќеса.
“Меките” зачини како што се магдоносот и коријандерот третирајте ги како букет. Отсечете го долниот дел од стеблата, ставете го зачинот во чаша свежа вода и сместете го во фрижидерот. Секој ден менувајте ја водата, со цел да ја задржи свежината.

популарносокфрижидерхраначување