Сунѓер за капење
Сунѓерите се идеална средина за развој на бактерии и габички кои лесно можат да предизвикаат инфекција. Поради тоа, изберете сунѓери направени од природни влакна бидејќи тие содржат ензими кои го контролираат развојот на бактерии. После секоја употреба убаво измијте го сунѓерот, исцедете ја водата од него, а кога ќе се исуши чувајте го на суво место. После 30 дена употреба, сменете го сунѓерот со нов.
Освежувач на воздух
Кога од сувиот воздух ќе почнат да ви се сушат кожата и дишните патишта, освежувачот на воздух ви носи големо олеснување. Но, доколку не го одржувате правилно, тој станува лежиште на разни патогени габи кои ги распрскува во воздухот. Задолжително менувајте ги филтерите и водата и не ја оставајте отстоената вода во освежувачот после употреба бидејќи во неа се акумулира мувла. Испразнете го апаратот целосно и наполнете го со вода непосредно пред употребата. На секои три дена чистете го и со четка, за да го отстраните евентуално собраниот талог.
Стапчиња за уши
Восокот кој се собира во ушите ги штити чувствителните внатрешни делови на увото од нечистотии, прашина и бактерии. Докторите советуваат да не го ставате стапчето во ушниот канал бидејќи на тој начин можете да го турнете восокот уште подлабоко во увото. Наместо стапче, користете малку памук и чистете го исклучиво делот на самиот влез од ушниот канал.
Блендер
Сигурно и вие после употреба го миете својот блендер, но повеќето луѓе забораваат да го измијат најважниот дел од гумениот прстен кој го држи ножот на место. Според многу истражувања, токму тој дел од блендерот е еден од највалканите предмети во кујната и вистински извор на бактерии како Салмонела и Ешерихија коли. После секоја употреба морате до крај да го расклопите блендерот и добро да го измиете ножот и „прстенот“.