Кои грешки ги правите кога времето е ладно?

Долго туширање под жешка вода
Долгото туширање под жешка вода може да ве опушти, но ќе ви ја исуши кожата. За време на ладните месеци туширајте се пократко и не користете премногу топла вода, за да не ги отстраните сите есенцијални масла од кожата. По можност, користете и непарфимирани сапуни.

Користите премногу тоник
Тоникот за лице е одлично средство за повремено освежување на изгледот на кожата додека е топло времето, но не и кога ќе залади. Тој може да ја отстрани природната маснотија на вашето лице, поради што кожата ќе ја произведува во поголеми количини, а со тоа ќе се зголеми и појавата на акни. Тоникот на база на алкохол особено ја суши кожата и најдобро е во целост да го избегнувате.

Не користите крема за заштита од сонце
Без разлика на времето, постојано треба да ја заштитувате кожата од сончевите зраци. Постојаната заштита од сонце ќе ви помогне да ги намалите шансите за рак на кожа и ќе се намали појавата на ситни брчки. Чувајте ја кремата со заштитен фактор во близина на останатите продукти кои редовно ги користите, за да не заборавате постојано да се мачкате.

Користите премногу парфем
Голем број парфеми и тоалетни води содржат алкохол, што може да предизвика сува и иритирана кожа или да го влоши здравјето на веќе испуканата кожа. Парфемот нанесете го на облеката, а не на кожата. Ако имате чувствителна кожа, подобро заборавете на парфемите.

Недостаток на хидратација
Хидратацијата е камен-темелник на здравата кожа во кое било годишно време, но тоа е најизразено во ладните месеци. Вашите раце, пети, колена и вратот се подрачја на кои морате да им посветите повеќе внимание.

Не вежбате
Голем број луѓе престануваат да вежбаат штом ќе дојдат ладните месеци. Кондицијата треба да ја одржувате во текот на целата година. Недостатокот на активност е директно поврзан со зголемен стрес, зголемена тежина и лош сон, што влијае врз целокупното здравје.

Ја оштетувате кожата со несоодветни продукти
Ладното време не е единствената причина за сува кожа. Чести кривци се и сапуните, купките, геловите за туширање и многу други продукти. Затоа подобро користете купки на база на масла, кремасти гелови и средства за бањање кои не се базираат на сапун.

Не ја миете косата доволно често
За време на ладниот период од годината, повеќето луѓе не ја мијат косата толку редовно како во летниот период. Честото миење на косата помага при размената на клетки на темето и е добро за нејзиното здравје. Хидратацијата е исто така важна, затоа користете балсами и маски за коса.

Заборавате на усните
Остриот студ во спој со греењето во затворените простории е лоша комбинација за вашите усни. Усните немаат лојни жлезди кои на остатокот од телото му пружаат заштита (затоа на усните не може да дојде до појава на акни). Лижењето на усните може да пружи моментално олеснување, но тоа дополнително ќе ги исуши. Балсамите за усни ќе ви помогнат да ја одржите нивната влажност. Солените јадења и циметот ги сушат усните, па пробајте да ги одбегнувате. Пазете и да не ви останува паста за заби на усните, бидејќи и таа ги суши.

вежбањегрешкиладностудтелотемпературатуширањеусни