Кога во вашата исхрана ќе ги додадете овие зеленчуци, килограмите ќе почнат сами да се топат

Кога во вашата исхрана додавате повеќе зеленчук, тешко дека воопшто можете да погрешите.

Овие намирници се богати со многу важни хранливи материи, а начини на подготовка постојат толку многу, поради што секогаш ќе имате богато и разновидно мени.

Сепак, ако сакате посебно да се посветите на симнување на масните наслаги, некои видови зеленчук особено ќе ви помогнат.

Спанаќот е многу корисен, благодарение на неговата висока содржина на влакна, кои го апсорбираат вишокот маснотии и го помагаат варењето. Значаен е и процентот на витамин К, бидејќи придонесува за топење на висцералните масти. Да потсетиме, ова се најопасните масни наслаги кои ги обложуваат внатрешните органи и го здебелуваат стомакот.

Црвените пиперки се идеален зеленчук за диета. Имаат многу малку калории и многу важни хранливи материи и даваат долго чувство на ситост. Капсаицинот, кој им дава црвена боја, е многу корисен во диетата. Се препорачуваат за сите кои се склони кон прејадување – доколку по оброкот почувствувате дека сè уште не сте сити, земете една црвена пиперка и полека грицкајте ја. Ќе видите дека чувството на глад наскоро ќе помине.

Брокулата секогаш се препорачува за исхрана, бидејќи се смета за супер-храна и има малку калории. Овој зеленчук е богат со антиоксиданси кои ги смируваат воспаленијата во телото, предизвикани од масните наслаги. Брокулата дава и чувство на ситост.

Последните на оваа листа се морковите. Нивното „тајно оружје“ не е состојка, туку специфичната текстура поради која во процесот на варење се трошат повеќе калории.

За да ги зачувате важните состојки на зеленчукот, не го изложувајте на долготрајна термичка обработка. Идеално е кратко да се попари или да се испече во рерна, во добро затворен, огноотпорен сад.

Ќе послужи и парче алуминиумска фолија, само измијте го и исечкајте го зеленчукот, посипете со малку сол и добро завиткајте во фолија. Ставете го на плех и печете во рерна околу дваесет минути.