Oткако Светската здравствена организација ја прогласи пандемијата Ковид-19, повеќе од 35 приватни компании и академски институции започнаа со работа за пронаоѓање вакцина – сите се свесни дека само вакцината може да ги спречи луѓето да се разболат.
Четири истражувачки тимови веќе ја тестирале вакцината на животни. Уште повеќе, биотехнолошката компанија Модерна, со седиште во Бостон, ќе започне да спроведува доброволно човечко тестирање.
Големи заслуги за брзиот развој на вакцината им припаѓа на кинеските научници кои на крајот на јануари успеаја да го одделат целиот генетски материјал на вирусот Сарс-Ков -2 што го предизвикува Ковид-19, односно коронавирусот, дозволувајќи им на научните тимови ширум светот да го следат живиот вирус и да учат како напаѓа човечки клетки и ги прави луѓето болни.
Ефективниот развој на првите верзии на вакцините за Ковид-19, исто така, беше резултат на искуство со епидемии на други видови на коронавируси – САРС во Кина (2002-2004) и МЕРС во Саудиска Арабија (2012) и изгради прототипови на патогени (микроби на вируси).
Ја градиме брзината со која работиме на вакцината за Ковид-19 на претходно утврдени начини за развој на вакцина во третманот на други видови коронавируси, рече директорот на Коалицијата за иновативни подготовки за епидемии во Осло, Ричард Хачет.
Сарс-Ков – 2 дели 80 до 90 отсто од генетскиот материјал со вирусот што предизвика САРС. Двете се состојат од рибонуклеинска киселина (РНК) во капсулата на протеинот што е покриена со шилци. Всушност шилците се „закачуваат“ на рецепторите лоцирани на површината на клетките во белите дробови – ист вид на рецептор и во двата случаи – и му овозможуваат на вирусот да ја нападне клетката.
Поради сличноста на вирусот, многу фармацевтски компании сега користат претходно развиени вакцини против САРС или МЕРС како основа за развој на вакцината во третманот на Сарс-Ков-2 или коронавирусoт.
Вакцините дејствуваат на истиот принцип. Тие даваат целокупен патоген или дел од патоген на човечкиот имунолошки систем – обично во форма на инекција со мала доза – за да му помогнат на имунолошкиот систем да генерира антитела на патогенот. Антителата, еден вид имунолошка меморија, толку брзо се мобилизираат и создаваат имунитет способен да се одбрани од вирусот во својата природна форма.
Традиционално, имунизацијата се постигнува со употреба на живи, но ослабени форми на вирусот, или целиот или дел од патогенот откако ќе се апсорбира од хемикалии или топлина.
Сепак, овие методи имаат недостатоци.
На пример, жива форма може да преживее во организмот на домаќинот, потенцијално да се врати дел од неговата вирулентност и да го направи примателот болен.
Затоа одредени фармацевтски компании применуваат понови технологии и методи за лекување на вирусот.
Таква е „рекомбинантна“ вакцина. Вклучува екстракција на генетскиот код од протеински шилци на површината на вирусот Сарс-Ков-2 и залепување во генот на бактерии или габи, бидејќи овие микроорганизми лачат големи количини на протеини.
Други, уште понови пристапи, ги заобиколуваат протеините и градат вакцини директно од генетскиот код на вирусот.