Еве неколку причини кои можат да доведат до појава на хемороиди или нивни симптоми:
1. Предолго седите во тоалет
Можеби мислите дека седењето во веце школката е исто како да се седи на столче, но тоа апсолутно не е така, тврди ректалниот хирург Мичел Бернстин и додава дека на веце школката гравитацијата воопшто не и е пријател.
„Колку подолго седите во тоалет на веце школката, се повеќе крв се собира во вените околу ректумот, а благодарение на гравитацијата се создава повеќе притисок. Тоа доведува до воспалување кое ги иритира хемороидите“, вели Бернстин.
2. Премногу ја одложувате потребата за вршење на голема нужда
Една од функциите на дебелото црево е да ја отстрани водата од фекалните материи. Ако ги почитувате сигналите на организмот и големата нужда ја вршите на време, се ќе биде во ред.
Но, ако предолго чекате, дебелото црево ќе извлече повеќе вода, па фекалните материи ќе бидат се посуви.
„Таквите ситуации, при вршење на голема нужда, доведуваат до оштетување на слузокожата и ги прави вените поранливи, а тоа се симптоми за појава на хемороиди“, вели докторката Хедер Бартлет.
3. Не внесувате доволно течности и протеински влакна
Протеинските влакна кои се внесуваат преку храната придонесуваат скратување на времето кое е потребно фекалните материи да патуваат низ дебелото црево. Водата, исто така го забрзува процесот, правејќи ги цревата поеластични.
Идеален измет, со кој не би требало да има никакви проблеми, би требало да биде помек и да поминува низ дебелото црево и ректумот.
„Колку повеќе сте принудени да се напнувате при исфрлување на изметот, толку се поголеми шансите дека не сте хидрирани доволно“, вели докторката Бартлет.
4. Вежбате со преголема брзина и премногу напорно
Ова е посебно забележително кај оние кои не практикуваат вежбите да ги прават постепено, туку почнуваат веднаш со најтешките.