Кога мораме да се загрижиме поради главоболка?
За успешно лекување на главоболка нужно е да се одреди точната дијагноза. Ако страдате од главоболка задолжително обратете се кај вашиот доктор, кој ќе ви даде препорака за лекување кое одговара на вашиот тип на главоболка.
Исто така, ако е потребно, ќе бидете упатени на одредени прегледи за да се заклучи постоењето на некој друг причинител за главоболката.
Кога главоболката е опасна?
– Главоболка која се појавува прв пат после педесеттата година во животот.
– Главоболка која се јавува наеднаш и е многу силна „како никогаш досега“.
– Главоболка кој се јавува се почесто, посилно и не поминува со аналгетик.
– Главоболка која се појавува кај лица со малигна болест, ХИВ или некоја друга тешка болест.
– Главоболка која се јавува кај пациенти со општа инфекција, проследена со температура, вкочанет врат, болки во мускулите или зглобовите.
– Главоболка која е проследена со замор или збунетост.
– Главоболка која е проследена со повраќање.
– Главоболка со која се јавува и епилептичен напад.
– Главоболка која се јавува после повреда на глава.
– Главоболка која се влошува за време на кашлица или кивање.
За да знаете за кој вид на главоболка точно станува збор, пред да посетите доктор водите дневник во кој ќе го забележите точното време кога се појавила и колкав период траела главоболката.