Jаболките веќе 50 години се убедливо на прво место на листата на намирници кои содржат најмногу пестициди, бидејќи обично се прскаат пред и по бербата, за што подолго да останат свежи.
Втора година по ред на листата „најчисти“ намирници е авокадото, во кое пестициди се најдени на вкупно еден отсто од испитуваните примероци.
Компирот содржи најмногу пестициди во однос на својата тежина, кај просечната пиперка „бабура“ најдени се дури 15 видови на пестициди во примероците надвор од сезоната, додека „шери“ доматите, праска „нектарина“, грашак и јаболки содржат околу 13 различни видови на пестициди.
Еве кои се „најпрскани“ овошја и зеленчук:
Јаболки, праски, нектарина, јагоди, грозје, целер, спанаќ, пиперка „бабура“, краставица.
А ова се “најчистите“ намирници:
Авокадо, пченка, ананас, зелка, грашок (замрзнат), кромид (црвен), шпаргли, манго, папаја, киви, домат, грејпфрут, диња, карфиол, сладок компир.
Според оваа листа, намирниците кои успеваат во тропските краишта се најсигурни и не можат да се одгледуваат во пластеници, без клима која одговара.