Кое овошје има најмногу, а кое најмалку калории?

Лимонот, црвената рибизла, лубеницата се овошки со убедливо најниска калориска вредност и содржат 21 калорија во 100 грама.   Само неколку калории повеќе од нив (28 калории) содржат црната рибизла, дињата, капините и малината.

По нив се боровницата, праската, јаболкото, јагодите, мандарините, портокалите и свежата папаја со само 32 до 36 калории во 100 грама.

Ниско калорични овошки се и вишни, цреши, сливи, мушмули, смокви, крушка (40-50 калории), по нив свежиот ананас, грозје, јаболко со кафена лажичка мед, кајсии, свежо манго кои содржат од 50- 60 калории.

Компотот се смета за некалорична храна и тоа доколку е од кајсии, крушки, јагоди, сливи или праски, содржи меѓу 70 и 80 калории. Нешто повеќе калории имаат конзервираниот ананас и бананата (околу 85 калории).

Избегнувајте го сувиот ананас при диетите, тој содржи 260 калории во 100 грама. На листата на овошки кои нема да придонесат за слабеење се и авокадото (160 калории), сувата банана (287), сушена брусница (308), сувите кајсии(300), кокос (354) и суви урми (284 калории).

При овошната диета како додаток често се препорачуваат и здравите грицки кои внесуваат енергија, но со кои сепак треба многу да се внимава. Фстците имаа 568 калории во 100 грама, лешници (650), кикирики (570), бразилски орев (656) и бадеми (650).

грицкикалориикомпотлубеницаовошјепопуларно