Кое млеко е поздраво, кравјото или растителното?

Дали некогаш сте се запрашале кое е поздраво млеко? Одговорот на прашањето кое млеко е најздраво може да ве изненади.

Веројатно мислите дека растителното млеко, како бадемовото и соиното е многу поздраво, меѓутоа не сте во право.

Вака изгледа листата на млеко по придобивките кои ги имаат за нашето тело.

Кравјото млеко всушност има најмногу придобивки. Во него се крие голема количина на протеини кои се одговорни за градење мускули, а исто така содржи и калциум, кој е важен за здравјето на коските, а е богато и со хранливи материи. Витамините Б12 и А во млекото се наоѓаат во големи количини. Тие го чувуваат видот и срцето.

Ако поради здравје не можете да пиете кравјо млеко, следното на списокот е соиното млеко. Протеините кои ги содржи се слични на оние кои се наоѓаат во кравјото.

Овие две млека се најдобра опција, додека сите други според нутриционистите, се малку похранливи од филтрирана вода.

На третото место се наоѓа бадемово, оризово и овесно млеко. Сепак, предноста на овесното млеко е тоа што содржи бета-глукан, еден вид влакна за намалување на холестеролот, и во таа смисла добро делува на здравјето.

Нутриционистите објаснуваат зошто млекото од житарици е полошо од кравјото:

Тоа содржи повеќе јаглени хидрати и има повисок гликемиски индекс, што значи дека има поголем ефект врз нивото на шеќер во крвта. Повторно, ако поради некоја причина тоа е единствена опција, побарајте ги оние кои имаат додаден калциум.

На крајот, да не заборавиме кокосовото млеко кое се смета за многу здраво, меѓутоа нутриционистите не се импресионирани. Далеку од тоа дека не е здраво, но  содржи и заситени масти кои не се добри за срцето, а содржи малку протеини и јаглени хидрати.

Еве колу калории има во 100 мл од секое млеко:

Полномаслено кравјо млеко – 67 калории
Млеко од ориз – 61 калорија
Соино млеко – 58 калории
Млеко од овес – 46 калории
Млеко од соја со намалена содржина на маснотии – 37 калории
Обезмастено кравјо млеко – 34 калории
Засладено бадемово млеко – 29 калории
Кокосово млеко – 23 калории
Незасладено бадемово млеко – 16 калории

кравјомлекорастително