Предностите од редовното конзумирање на кајсиите, особено во периодот на нивното природно зрееење се големи:
– тие се нискокалорични и содржат витамини А, Б2, Б3 и Ц, како и корисни природни шеќери
– содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје
– сокот од кајсии е одличен извор на калциум и железо и тоа е причината зошто се препорачува за трудници и мали деца. Природниот 100 % сок од кајсии (150 мл) ги задоволува нашите дневни потреби и за каротен
– сувите кајсии се богати со калиум карбонат, кој е одличен за луѓето кои патат од срцеви проблеми, особено аритмија
– помагаат во подобрување на функциите на мозокот, поради високото количество фосфор и магнезиум. Овие елементи помагаа во нормализација на крвниот притисок
– позитивно делуваат на видот, поради високото количество витамин А
– сокот од кајсии може да ја намали киселоста во организмот, што е најчестата причина за многу заболувања
– сокот од кајсии ја намалува и надуеноста на стомакот
Особено корисен дел од кајсиите се нивните семки кои содржат амигдалин, за многумина екстракт кој помага во борбата против ракот, но и помага во подмладувањето. Тој е познат како витамин Б17 и голем број нутриционисти го нарекуваат вистински лек против ракот.