Кое е најдоброто природно органско масло вашата коса?

Сигурно веќе знаете дека природните органски масла се вистинска придобивка за нега на коса – тие и обезбедуваат нега, хидратација, сјај, мекост и свиленкаста текстура, ве ослободуваат од првутот и испуканите врвови.

Сепак, како и комерцијалните препарати за коса и маслата имаат различни ефекти врз косата. На сувата коса нема да одговара истото масло како и на мрсна коса, за обоена коса и треба едно, додека на кадравата друго масло. Во продолжение прочитај те го нашиот мал водич за да откриете кое природно масло е најдобро за вашиот тип на коса.

Кокосово масло – Ова масло е најефикасно и најчесто се препорачува како природен третман за нега на коса. Покрај смирување на скалпот, ги елиминира и последиците од смогот и УВ зраците. Кокосовото масло може да ја регенерира косата која е оштетена од постојано боење и хемикалии. Ако сакате масажа на главата, малку загреано масло од кокос е идеално за тоа. Значи, ако имате многу оштетена и сува коса најдобар избор за вас е органско рафинирано кокосово масло кое можете да го купите во било која продавница за здрава храна.

Рицинусово масло – рицинусово масло е најдоброто решение за сувиот скалп бидејќи делува како многу силен навлажнувач и го подобрува растот на косата. Ако интензивното опаѓање на косата е вашиот главен проблем, ова масло ќе сепогрижи за нејзиното обновување и зајакнување. Втријте го маслото со блага масажа на  скалпот и оставете да делува преку ноќ. Утрото измијте го со вообијаениот шампон. Правете го овој третман еднаш неделно и ќе забележите подобрување на квалитетот на косата за неколку месеци.

Маслото од јојоба – Ова масло е погодно за сите типови коса, а е познато и по тоа што ја регенерира сувата и испукана коса.

Масло од нане – Добрата циркулација и протокот на крв низ главата до скалпот се неопходни за здрава и густа коса. Маслото од нане ќе се погрижи за ова и ќе обезбеди доволно кислород. Како резултат ќе имате цврста и густа коса.

Масло од лимон – ако имате мрсна коса, тогаш ова масло е идеално за вас. Исто така е одлично во борба против првут, вошки и воспаление на скалпот. Нанесете го еднаш неделно на скалпот , нека стои еден час, а потоа измијте со благ шампон.

Бадемово масло – Маслото од бадем е богато со омега-3 и омега-6 масни киселини, за кои е познато дека ја зајакнуваат и ја ревитализираат косата. Масирај те го скалпот и главата со ова масло двапати неделно за да го зајакне растот на косата.

Масло од чајно дрво – Ова масло им одговара исто така на луѓето со мрсна коса затоа што го контролира производството на себум, маснотии на скалпот, но во исто време ја враќа влажноста на косата. Чајното дрво е исто така добро решение за првут, а можете да го комбинирате неколку капки маслиново масло за да биде вашата коса сјајна и негувана.

Маслиновото масло е најдобриот пријател со сувата коса, особено поради влијанието на летните фактори како што се сонцето и морската вода. Кога ви треба дополнителна нега, дури и кога ќе ја натопите косата во хлорирана вода од базен, нанесете масло на вашата коса и скалпот, а потоа завиткајте ја со топла крпа.По половина час измијте ја косата со благ шампон.

бадемовомасло од јојобамасло од лимунмасло од нанемрсна косаорганско маслооштетена косапрвутсува коса