Киселата зелка е добра за жените!

Киселата зелка која често ја консумираме периодов и од која се прават најубави сарми и деликатеси е многу вкусна, но истовремено и многу здрава.

Не е тајна дека е полна витамини, особено Б1, Б3, Б6, К, А, Ц и други, а со нивна помош е превентива на многу болести, но и го јакне имунитетот кај човекот.

Има многу витамин Ц и тоа дури 20 милиграми во 100 грама, што значи дека изобилува со овој витамин кој е корисен за здравјето и особено важен за имунитетот кај луѓето.

Го помага варењето, цревната флора, а се бори со бактерии, вклучувајќи ја ешерихија коли која е една од најопасните.

Помага и за слабеење, а важна е за жените поради киселините кои ја зајакнуваат косата, ноктите и кожата и ги прават сјајни и здрави.

ВАЖНО: Не треба да го користат луѓе со проблеми со панкреасот, зголемен притисок, чир на желудникот, камен во жолчката.

женизелкакиселапопуларно