Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи рочиште за случајот со смртта на малата Тамара Димовска од Велес.
Минатото рочиште беше одложено бидејќи во судот не се појави еден од обвинетите, Шабан Мемети, кој е вработен на универзитетската Клиника за детска хирургија.
Во случајот со малата Тамара, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство, обвинети се вкупно 12 лица за несовесно работење во службата.