Децата спиеле на душеци на подови, цевки од парно им виселе над глава, несоодветни простории како и лоши хигиенски услови. Ова се дел од неправилностите кои ги констатирале инспектори од министерството за труд социјала во две приватни детски градинки, по една во Скопје и Битола. Објектите се пред затворање.
-За време на контролите на приватните детски градинки социјалните инспектори констатирале неправилности во работењето. Имаат рок од 8 до 30 дена да ги подобрат условите во спротивно ќе бидат затворени, изјави за Сител Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика.
Во меѓувреме социјални инспектори ги контролираат и игротеките во целата држава, по добиени сознанија дека некои од нив против законски згрижувале деца и работеле како градинки. Министерот е категоричен дека кога се работи за најмладите нема да има никаква толеранција.
-Кога се работи за деца нема да има прогледнување кроз прсти за никого, бидејќи децата се иднината на оваа држава, категоричен е Ибрахими.
Според законот сите воспитувачки и негователки мора да имаат положено стручен испит за добијат лиценца за работа од ресорното министерство.
Во Македонија има вкупно 21 приватна детска градинка. Месечно за згрижување дете наплатуваат од 10.000-25.000 денари. Иако цените им се високи некои од нив не ги исполнуваат основните услови за работа.