Казна 4.000 евра ако инспекторите „фатат“ невакцинирано дете во градинка

Контролите ќе траат се` додека е на сила решението за забрана за прием на невакцинирани деца

Ако државните здравствени и санитарни инспектори „фатат“ невакцинирано дете со МРП вакцина во градинка, казната се движи од 2.000 до 4.000 евра, објави „Мета“.

– Казната за правното лице се движи од 2.000 до 4.000 евра, а одговорното лице треба да плати 30 отсто од одредената сума за правното лице – вели директорката на инспекторатот, Ирина Бухова.

– Нашите инспектори се на терен откако започна забраната. Од сите градинки кои досега се поминати на територија на Скопје, во ниту една не беа направени отстапки. Но, морам да нагласам дека сепак најверојатно поради празниците и распустот, во градинките беа згрижени многу мал број на деца. Од денеска контролите продолжуваат и ќе траат се` додека е на сила решението за забрана за прием на невакцинирани деца – информира Бухова.

вакцинаградинкаказна