Катлановска бања со години на диво лекувала пациенти – Немале дозвола за вршење на здравствена дејност

Катлановска бања со години на диво нудела лекарски услуги без дозвола за вршење на здравствена дејност. За тоа пари добивала од Фондот за здравствено осигурување кој има договор со оваа установа. Државниот здравствен и санитарен инспекторат по вонредниот надзор и забрани прием на нови пациенти за медицинско лекување се додека не обезбеди дозвола за таква работа.

-Немаа дозвола за медицинско лекување и не можеме да им изречеме казна. Меѓутоа, сите оние пациенти кои се во моментот таму да не се грижат, нивното лекување ќе заврши. Проверете во Фондот зошто е така, ние немаме за тоа ингеренции, изјави Ирина Бухова директор на ДСЗИ.

Иако побаравме, не добивме одговор од Фондот врз основа на кои критериуми и давале пари на Катлановска бања. Скандалот излезе на површина откако од Државниот санитарен и здравствен инспекторат биле во надзор по пријава на револтиран родител кој во бањата го носел детето со церебрална парализа. Инспекторите на терен затекнале тројца странски лекари кои работеле без дозвола. Во ординациите имало поголем број на пациенти од Косово а што било уште поалармантно за инспекторатот е што овие специјалисти воопшто не издавале извештаи ниту потврди после прегледите. Од Лекарска Комора велат дека до нив не стигнало никакво барање од Катлановска Бања за добивање на лиценци за лекари од странство.

-Станува збор за анестезиолог, дефектолог и ортопед. Не покажаа никакви дозволи, вели Бухова

Како што веќе објави Сител, покрај ДСЗИ во Катлановска бања е и финансиската полиција. Оттаму денеска ни потврдија дека е во тек предистражна постапка и наскоро ќе соопштат дали и какви неправилности откриле.

И додека надлежните излегоа со официјална изјава, и втор ден по скандалот молк од сопствениците на катлановска бања.

катлановскалекувањепациентипопуларноскандал