Срцевите болести веќе не се главен причинител за смртност во богатите земји, туку карциномот кој би можел да стане светски убиец број еден и во остатокот од светот.
Додека кардиоваскуларните заболувања остануваат, засега, водечка причина за смртност ширум светот кај средовечните лица – што претставува 40% од сите смртни случаи – ова веќе не е случај во земјите со високи приходи каде ракот сега убива двојно повеќе луѓе отколку срцевите заболувања, покажаа резултатите од студијата.
“Нашата анализа откри дека карциномот е втората најчеста причина за смрт во светот во 2017 година, што претставува 26% од сите смртни случаи. Но, додека стапката на срцеви заболувања продолжува да опаѓа, карциномот би можел да стане водечка причина за смрт во целиот свет за само неколку децении “, рече Џил Дагенаис, професор на универзитетот Лавал во Квебек, Канада, кој беше еден од раководителите на исртражувањето.
Од вкупно 55 милиони смртни случаи во светот во 2017 година, велат научниците, околу 17,7 милиони починале од кардиоваскуларни заболувања.
Како причина на околу 70 проценти од овие заболувања се висок крвен притисок, висок холестерол, лоша исхрана и пушење – фактори на кои може да се влијае.
Во земјите со високи приходи, третманот на висок холестерол и притисок со лекови помогна да се намалат стапките на срцеви заболувања во последните децении.