Како што објаснуваат кардиолозите, намирниците кои ги консумираме значително влијаат на здравјето на срцето.
Кардиолозите истакнуваат дури 12 намирници кои значително придонесуваат во чувањето на здравјето на срцето и системот за циркулација, а со тоа и докажано го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, вклучувајќи и срцев удар.
Тоа се следните намирници:
– зелен зеленчук;
– ореви;
– бобинки;
– интегрални житарици;
– масна риба, како што е лосос;
– грав;
– темно чоколадо;
– домат;
– чиа семки;
– лук;
– маслиново масло;
– авокадо.
Секоја од овие намирници содржи многу хранливи материи кои помагаат во зачувување на здравјето на срцето и крвните садови, нагласуваат кардиолозите.
Истражувањата покажале дека медитеранската исхрана е една од најдобрите за правилно функционирање на срцето и крвотокот.