Што е каменот во бубрезите?
Оваа хронична бубрежна болест се карактеризира со присуство на камења во бубрег или во бубрежната карлица. Каменот се појавува постепено, се зголемува и ги деформира празнините во бубрегот преку кои тече урината. Основа за создавање е густата урина (урина со малку вода), затоа што во овие услови, некои супстанции се таложат во бубрегот, додека една од причините поради што ова се случува е недоволно внесување на вода во текот на еден подолг временски период.
Причина за создавање на камен во бубрезите
Камења во бубрезите се формираат поради неколку заеднички фактори : исхрана, метаболички нарушувања, намалено внесување на течности, наследство или анатомски абнормалности. Може да се формира и кога супстанци како што се калциум, оксалати, цистин или уринарна киселина, се наоѓаат во високи концентрации во урината. Овие супстанции формираат кристали кои се таложат во бубрегот, создавајќи камен кој во еден момент се движи низ уринарниот тракт и најчесто се отстранува од телото преку урината. Ако се заглави и го блокира протокот на урина , тогаш ќе предизвика силна болка. Тоа најчесто се открива кога пациентот оди на лекар поради тешка, ненадејна болка во левата или десната страна.
Некои хронични болести можат да го зголемат ризикот од камен во бубрезите, но главните фактори на ризик се недоволно внесување на вода, наследна тенденција за формирање камења, особено цистични, чести бубрежни инфекции, премногу киселина во урината, која оди во прилог на создавање на уринарни камења или основната урина која ќе го поттикне формирањето на фосфатните камења.
Силни болки
Ова е најчестиот симптом на камења во бубрезите. Болката може да биде блага и едвај забележлива или толку интензивна што е потребна хоспитализација. Сепак, било каков да е интензитетот, таа никогаш не исчезнува целосно. Напади со силни болки, познати како бубрежна колика, обично траат 20 до 60 минути и се јавуваат по бочната страна, помеѓу ребрата и колковите или во долниот дел од стомакот.
Крв во урината
Кај поголемиот дел од луѓето со камен во бубрег, постои крв во урината (хематурија). Урината може да биде розова или црвеникава, но се случува и крвта во урината да се открие само со уринарен тест или со микроскопски преглед.
Исфрлање на мали камења
Малите камчиња, коишто се испуштаат заедно со урината, исто така се симптоми на оваа болест.
Други симптоми може да бидат гадење и повраќање, болка за време на мокрењето и итна и ненадејна потреба за мокрење.
Многу луѓе со камења во бубрезите немаат никакви симптоми, а оваа болест се карактеризира со фактот дека камењата можат да останат и со години во бубрегот , без да предизвикаат никакви симптоми.
Дијагноза
Со анамнеза, испитување и радиографија на стомакот се одредува постоењето на камен во бубрезите ( големината е видлива на Х-зраци). За поточна дијагноза и локализација се користи спротивставена метода на интравенска урографија. Многу е важна и анализата на урина – микробиолошка и биохемиски анализа, а се применува и инфрацрвена спектроскопија за да се утврди молекуларната структура на каменот. Тие се со различен состав – оксалат, фосфатни, урарни и цистични, а можат да бидат неоргански и органски.
Компликации
Проблемите предизвикани од камен кој се наоѓа во бубрегот се, всушност, повремени досадни болки во слабината, кои можат погрешно да бидат поврзани со ‘рбетниот столб. Каменот постојано ја иритира слузницата на бубрезите и ја оштетува нејзината природна заштита. Бидејќи бубрежната инфекција е се почеста кај луѓето со камења во бубрезите, побрзо се развиваат и добиваат потешка форма. Притоа, каменот е често формиран во заразените бубрези. Воспалението на уринарниот тракт најчесто го предизвикува ешерихија коли. Ако во урината се најде некоја друга бактерија или габа, автоматски значи дека болеста станала посериозна, како и дека сериозно е нарушен имунитетот на слузокожата на уринарниот тракт, но исто така и на целото тело. Камења во бубрезите кои се предизвикани од инфекција може да се придвижат и ако е со остра форма, да ја оштетат слузницата на бубрезите, уретер и мочниот канал, пренесувајќи ја болката кон долниот дел на стомакот. Болките во слабината се толку силни што предизвикуваат повраќање и губење на свеста. Во случај да не може каменот да се исфрли со урината, но и ако се заглави во уретерот, задолжителна е лекарска интервенција, па дури и оперативен зафат. Ако не се реагира навреме, притисок на урината во бубрезите може да нарасне и целосно да ги уништи бубрезите.
Лекување
За да се ублажат болните колики најчесто се користи диклофенак (аналгетик), но неопходно е да се зголеми вносот на течности. Повеќето од камењата се исфрлаат спонтано, а доколку постојат знаци на акутна опструкција, пациентот треба да се упати кон уролог кој ќе направи антероградна нефростомија или перкутна нефролитотомија . Во последниве години, се користи метод на кршење камења со електро-хидраулични бранови. Оваа терапија се покажала успешна во 80% од случаите.