Во истражувањето на порталот „Фир Рејтед“учествувале две илјади луѓе, а резултатите се категоризирани врз основа на возраста, полот и сексуалната ориентација.
Резултатите покажаа дека геј мажите имаат најголеми барања, преферираат силни и „стегнати“ тела. Жените, од друга страна, таквите тела не ги ставаат на прво место, а ако се верува на резултатите, тие бараат „обични“ мажи – ни близу на оние кои изгледаат како главните ликови на романтичните комедии.
Жените со хомосексуалната ориентација исто така, преферираат „обични“ жени – ниту претерано фит, ниту тело на Софија Вергара, само обични жени.
Жените од хетеросексуалната ориентација ќе може најмногу да се израдуваат, затоа што ова истражување покажува дека дури 48 отсто од мажите преферираат жени со облини – конкетно сакаат жени кои имаат стомаче.
Што да се каже? Замрзнете го членството во фитнес клубовите, фрлете ги ДВД-та со вежби и уживајте во празниците.