Луѓето кои често зборуваат во стилот јас и само јас, имаат поголем ризик да боледуваат од депресија и анксиозност, се тврди во ново истражување.
Научниците од Универзитетот Касел во Германија открија дека луѓето кои константно користат прво лице еднина, т.е. себе се ставаат на прво место, имаат поголем ризик да бидат депресивни од тие кои имаат тенденција да користат множина. Значи, ако често зборувате ние, наместо јас, научниците тврдат дека ќе бидете помалку депресивни. Секако, работата е во вашата свест и во тоа дека не треба да мислите само на себе.
Истражувачите, предводени од др. Јохансен Цимерман, интервјуираа 15 мажи и 103 жени, а сите тие се лечеле од депресија и анксиозност.
Анкетарите ги замолиле учесниците да раскажат нешто за своето минато, за своите врски и својата самосвест.
Во таа прилика откриле дека луѓето кои зборувале само јас и себеси се ставале на прв план, имаат поголема тенденција кон длабока и тешка депресија, но и дека имаат поголеми проблеми во меѓучовечките односи, пренесуваат германските медиуми.