Какви последици по здравјето може да предизвика сончаницата?

Во текот на летните месеци потребна е задолжителна заштита на главата со капа или шал. Ова посебно важи за луѓето со светол тен, тие кои немаат коса, стари лица, хронично болни, дебели, алкохоличари …пренесува dnevno.rs

При директна сончева светлина и кога главата е незаштитена повеќето од топлината се апсорбира во кожата на главата. Без разлика дали сончаницата е во полесна или потешка форма, таа е многу сериозен проблем кој може да го наруши нормалното функционирање на телото.

– Симптоми кои може да укажат на сончаница е ненадејно губење на свест и зголемување на температурата на телото која дури може да надмине 40 степени. Може да дојде и до главоболка, вртоглавица, гадење, несвестица, а во некои случаи исто така има и грчеви во мускулите или визуелни нарушувања. Кожата е топла, сува, црвена, пулсот е брз и неправилен, притисокот е намален.

Прва помош во такви случаи е брзо намалување на температурата. Лицето треба веднаш да биде префрлено во сенка или разладена затемнета просторија, а ако нема таква просторија тогаш разладување со вода. Пиење на многу течност а алкохол и кафе не се дозволени. Лице кое имало сончаница наредните денови не смее да излегува надвор когас е топло бидејќи преосетливоста може да остане долго во телото.

капаплажасвестсонцесончаницатемпературатечности