Како влијае само една шолја леблебија врз нашиот организам и здравје?

Леблебија – богатство за целиот организам

Една шолја од оваа намирница ни обезбедува 50% од дневните потреби на организмот за калиум, 2% од витаминот А, 13% од витаминот Ц, 69% железо, 55% од витаминот Б6 и 57% магнезиум. Покрај тоа, леблебијата содржи и витамин К, фолна киселина, фосфор, цинк, бакар, манган и селен.

Постојат 2 видови леблебија : деси и кабули, но за која од нив и да се одлучите, нема да погрешите. Сите кои ја користат во кулинарството, ќе се сложат дека е многу вкусна а и здрава, бидејќи е богата и со протеини и влакна, кои се многу важни за нашето здравје.

Таа е еден од најдобрите извори на протеин, влакна, витамини и минерали, а одлична е и за вегани и оние кои се алергични на глутен. Богата е и со есенцијални аминокиселини, кои телото не ги создава само.

Леблебијата е и одличен извор на железо, а готвената леблебија содржи повеќе железо од еднакво зготвена количина место. Ако во оброкот со леблебија се застапени и житарици, тогаш таквиот оброк има целосен состав на потребни аминокиселини.

Против дијабетес

Истражувањата покажуваат дека дијабетичарите кои често конзумираат намирници богати со влакна имаат намалено ниво на гликоза, а кај дијабетичарите со тип 2 може да се подобри нивото на шеќер во крвта, липидот и инсулинот. Експертите препорачуваат 21-25 гр диетални влакна за жените и 30-38 за мажите.

Го чува здравјето на коските

Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К придонесуваат за здравјето и силата на коските. Сепак, треба да се биде внимателен бидејќи таа содржи многу фосфор.

Го намалува крвниот притисок

Една од најважните промени која треба да ја усвоите е да јадете намирници кои се сиромашни со натриум, а една од нив е и леблебијата. Освен тоа, тука присутен е и калиумот кој е еднакво важен за нормализација на крвниот притисок.

Го чува срцето

Комбинацијата на влакнам калиум, витамин Ц и Б6 придонесуваат за чување на здравјето на срцето.

Го регулира варењето

Таа го подобрува варењето и е одлична за спречување запек и подобрување на општото здравје на дигестивниот тракт.

Го чисти организмот

Леблебијата е многу корисно средство за чистење на нашиот организам, особено од сулфатите кои се наоѓаат во преработената храна.

влијаездравјелеблебијашолја