Како полесно да закрепнете од бронхит?

Бронхитот е клиничка слика која најчесто треба да се лечи со антибиотик и комбинација од други лекарства препишани од лекар или специјалист.

Но, како и за секоја друга состојба, така и при бронхит можете на природен начин да си помогнете за олеснување на симптомите.

На пример, внимавајте да одржувате влажност во воздухот, а ако треба набавете си и навлажнувач. Грејните тела го сушат воздухот и тој ве гребе по грлото и слузокожата.

Пијте многу течности, по можност млаки чаеви или лимонади, за да се разгради секретот. Помогнете си и со хербален сируп за искашлување.

Во исхраната добро е да вклучите цинк, бидејќи е еден од најефикасните минерали за одржување на здравјето на белите дробови.

Најважно од сè е да одмарате и да спиете доволно. Кога имате бронхит, земете боледување, бидејќи за разлика од обичната настинка, него не можете да го поминете „на нога“.

бронхиткашлањецинкчај