Ако се сомневате дека сте бремени, најсигурно е да го посетите гинекологот и да направите медицински тестови за да бидете сигурни дека очекувате принова.
Ако не сте во можност да отидете до аптека или сакате само да си поиграте со старите начини на тестирање, ова се “направи сам” тестови за бременост во домашни услови:
Паста за заби
Оваа метода е наједноставна, бидејќи сите во домот имаме паста за миење заби. Во еден сад истискајте малку паста за заби и додајте малку од утринската урина. Доколку се појави сина или синкаста боја, најверојатно сте бремени.
Избелувач
Во сад со избелувач додајте малку од утринската урина. Промешајте и доколку се појави пена или меурчиња, најверојатно сте бремени.
Шекер
Ова е метода што најчесто се користела заради нејзината едноставност. Ставете лажичка шеќер во сад и прелијте ја со малку утринска урина. Доколку шеќерот се растопи брзо, тогаш најверојатно не сте бремени, но доколку шеќерот се претвори во грутки, веројатноста дека сте бремени е голема и би требало да го посетите вашиот гинеколог.
При секој сомнеж за можност за бременост напоменуваме дека единствениот правилен чекор е посета на гинеколог. Сите овие опити во домашни услови се само експерименти кои даваат можна веројатност. Грижете се за своето здравје.