Како најбрзо да ја излекувате болната менструација?

Менструалните болки или дисменореа како што ја нарекуваат експертите ја имаат повеќе од 50 проценти од жените. Многу експерти веруваат дека овој проблем се јавува поради лошите навики на исхрана и емоционалната состојба.
Како симптоми најчести се абдоменална болка, болки во грбот, гадење, вртоглавица, главоболка, дијареа, запек, замор, чувствителност на мирис и вкус. Интензитетот и времетраењето на болката варира во зависност од лицето.
Превенција и третман:
– На долниот дел на грбот и стомакот поставете шише топла вода или влажен пешкир во топла вода
– Не носете тесни фармерки, каиши и слично кои ќе ја забават циркулацијата
– Во тие денови најдобро е топол туш
– Не избегнувајте вежбање – добро е јога, аеробик или пливање
– Избегнувајте масна и зачинета храна
– Пијалоци со кофеин не пијте за време на менструација
– Зеленчук и мешунки како и житарици ќе ја намалат инфекцијата
– Јасмин и камилица се чаеви, кои ќе помогнат во намалување на болката
– Помалку сол
– Ѓумбирот е одличен како чај или рендан во јадење или зелена салата
– Брокула, зелка, спанаќ ќе помогнат за враќање на калциумот кој е важен во овие денови
– Не јадете многу слатко

– Одмарајте што повеќе
– Нежна масажа на долниот дел на стомакот.

болкиинфекцијаменструацијасимптомитушхрана