Како на природен начин да се справите со киселините!

Сода бикарбона

Ова е еден од најефикасните лекови против киселина. Ставете една лажичка сода бикарбона во половина чаша вода, промешајте и испијте ја течноста. Во ова можете да додадете и неколку капки лимон.

Анасон

Џвакајте семе од анасон неколку пати на ден. Така ќе го освежите здивот, а лачењето на желудечната киелина ќе го одржите под контрола. Можете да пиете и чај од анасон. Тој се подготвува така што ќе додадете два лажици семе во зовриена вода, потоа ќе го оставите 10 минути да отстои и ќе го процедите.

Нане

Нането е ефикасно во отстранувањето на киселините бидејќи помага во варењето и ги ублажува стомачните тешкотии. Додајте неколку листови од нане во шоља зовриена вода, оставете да отстои 30 минути и пијте го чајот неколку пати на ден.

Ѓумбир

Свежиот ѓумбир делува двојно на киселината – го впива вишокот киселина во желудникот и помага при смирување на нервите кои придонесуваат за појава на киселини. Ѓумбирот можете да го додадете во јадењата како зачин, можете да пиете чај од ѓумбир или да го јадете свеж. Чајот од ѓумбир се подготвува така што една лажца свеж ѓумбир ќе додадете во една шоља зовриена вода. Почекајте неколку минути, па испијте го лековитиот напиток.

ѓумбиркиселининанепопуларно