Здравиот начин на исхрана може да го намали ризикот од тешка депресија, вели една студија која е спроведена врз 2000 жени на Универзитетот во Источна Финска. Покрај тоа, губењето на тежината во контекст на промените на начинот на живот е поврзано со намалување на симптомите на депресија.
Оваа студија ја потврдува хипотезата дека здравата исхрана има потенцијал не само во лекувањето на депресијата, туку и во спречувањето.
Луѓето кои се депресивни често имаат лоша исхрана и намален внес на хранливи материи.
Оние кои јадат здрава храна се под помал ризик
Здравата исхрана, која вклучува зеленчук, овошје, бобинки, пченкарни житарки, пилешко и сирење со малку масти, е поврзана со пониска појава на симптомите и помал ризик од депресија за време на набљудувањето на испитаниците.
Внесување на повеќе фолати е поврзано со намален ризик од депресија. Зеленчукот, овошјето, бобинките, пченкарните житарки, месото се најважните извори на фолати. Покрај тоа, зголемената доза на кафе е негативно поврзана со намален ризик од депресија.
Исто така, учеството во тригодишната студија која се базирала на промени во животниот стил дала подобри резултати во врска со депресијата. Покрај тоа губењето на тежината е поврзано со поголемо намалување на симптомите на депресијата.
Брзата храна, шеќерот и производите од месо можат да ги зголемат симптомите на депресија
Нездравата исхрана која се карактеризира со високо внес на колбасици, сувомеснати производи, десерти и закуски со шеќер, засладени пијалоци, печени или пржени компири е поврзана со зголемено присуство на симптомите на депресија.
Депресијата е една од водечките здравствени проблеми во светот и нејзиното влијание врз здравјето на луѓето, економијата и квалитетот на животот е огромен. Не само во лекувањето на депресијата, туку и во превенцијата се потребни нови пристапи.