Како на природен начин да излекувате габична инфекција на нозете?

Ако имате габична инфекција на нозете и не знаете како да ја отстраните, ова се природни третмани за тоа како сами да направите лек.
Кај многу луѓе се развиваат габични инфекции, особено во летниот период. Најчесто на ножните прсти.
Овој вид инфекција не е сериозен, но умее да иритира и тешко се лекува.

Некои од работите кои можете да ги направите за да ја избегнете оваа инфекција е да ги одржувате нозете секогаш чисти и суви, да носите адекватна памучна гардероба, памучни чорапи, како и ноктите да ви бидат кратки. Исто така, не делете пешкири со други луѓе.

Сода бикарбона е состојка присутна во секоја кујна и може да се користи за лекување на габични инфекции. Исто така помага при неутрализирање на непријатни мириси.

Половина шолја сода бикарбона, една четвртина шолја 3% хидроген пероксид и половина шолја сол ставете во 4 шолји топла вода. Добро промешајте ги состојките, а потоа додадете четвртина шолја оцет.

Потопете ги нозете во смесата и оставете така 10 минути.

Потоа измијте ги нозете со чиста вода и добро исушете ги.

габичнаинфекцијанозепопуларносодатретман