Со пренесувањето на предностите од јогата од Источната култура кон западот, голем број луѓе почнаа да ја практикуваат за постигнување на мир, спокој и благосостојба. Доколку се’ уште не сте сигурни кои се предностите од нејзиното вежбање, ќе ви посочиме неколку:
Едночасовно вежбање допринесува во подобрување на мозочните функции –Тахниката на дишење и положбата на телото влијае во подобрување на когнитивните функции, фокусот и меморијата.
Намалување на стресот – Со вежбањето на јога се намалува дејствувањето на протеинот, кој влијае во поттикнување на стресот.
Зголемена флексибилност – Неодамнешната студија која беше спроведена во Универзитетот во Колорадо докажа дека вежбите од Бикрам јогата допринесува до поголема флексибилност на рамената, долниот дел на грбот и колената.
Го зголемува капацитетот на белите дробови – По 15 недели вежбање на Hatha јогата се зголемува капацитетот на белите дробови.
Ја намалува хроничната болка во вратот – Германското истражување кое било објавено во магазинот The Journal od pain потврдува дека по четири недели интензивно вежбање се намалуваат болките во вратот.
Намалена анксиозност – Истражувањето кое било во 2010 година спроведено од Универзитетот во Бостон докажува дека вежбањето јога влијае во намалување на теговите, депресијата и анксиозноста.
Помага во борбата против дијабетисот – Секојдневното вежбање допринесува во намалување на нивото на шеќер во крвта. Спроведената студија од Ројтерс потврдува дека по 3 месечно вежбање се намалува индексот на телесна маса.
Намален ризик од срцеви заболувања – Здравиот начин на живот влијае во намалување на ризикот од срцев удар, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта.