Освен што се вкусни, сливите имаат благотворно дејство врз здравјето, бидејќи се многу богати со витамини.
Посебно се препорачуваат за лица кои имаат проблеми со бубрезите, црниот дроб, срцето и органите за варење.
Сто грама свежи сливи содржат 84 отсто вода, 0,6 отсто белковини, 10 проценти јаглено хидрати и 2,1 грам растителни влакна, но она што е најважно е високото присуство на пектин, за кој научно е докажано дека го забрзува метаболизмот.
Од друга страна, благодарејќи на големото количество витамини и минерали, сливата е најзаслужна за добрата работа на срцето и црниот дроб.