Како до подобар секс во 2018?

Се ближи 2018, а со тоа доаѓа и листата со работи кои сакаме да ги подобриме. Сексуалниот живот можеби не е тема за која ќе зборувате на Новогодишната трпеза, но секако сите нас не интересира.

НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ

Во спалната соба треба да постои хармонија. Ако го прифатиме фактот дека мозокот е најголем сексуален орган, држењето на негативните мисли во себе не е добра идеја. Доколку не се ослободите од тие размислувања, во ризик го ставате вашиот сексуален живот.

ВНЕСЕТЕ СВЕЖИНА ВО ВРСКАТА

Што подолго време сте во врска толку помалку се трудите. Оживувањето на врската носи нови возбудувања, и заеднички моменти. Спонтаноста е важен фактор во секоја врска, од време на време пробајте да внесите некоја свежина во врската. А со самото тоа и во сексуалниот живот.

ЗАВОДЛИВО РАЗГОВАРАЈТЕ ЗА ВАШИТЕ ЖЕЛБИ

Некои луѓе имаат тенденција да разговараат за секс со партнерот, на малку нечувствителен начин. Ако на некого ги кажете сексуланите желби, ладно без емоција, ќе му ја уништите самодовербата. Наместо тоа, пробајте малку позаводливо и со повеќе емоција. Ова сигурно ќе има добротворно влијание на вашиот сексуален живот.

ПОСВЕТЕТЕ СЕ ПОВЕЌЕ НА ПРЕДИГРАТА

Додека мажите би можеле да бидат за главниот чин спремни за момент, на жените им треба време да се загреат. Имајте го ова на ум, така и двете страни ќе уживаат и ќе бидат задоволни. Предиграта буди скриени страсти, а и ја зголемува циркулацијата, што го прави сексот подобар.

КОРИСТЕТЕ ПОВЕЌЕ ЛУБРИКАНТ

А кога ќе дојде главниот чин, користете повеќе лубрикант. Се повеќе бараме подолг, и пожесток секс, а за тоа треба да имате телесни предиспозиции. Сигурно не сакате партнерот да го доведете во незгодна позиција, или да го повредите.

ИСФРЛЕТЕ ГИ СТАРИТЕ НАВИКИ

Поентата е секогаш да пробувате нешто ново и поинакво. Рутината прави да имате лош секс, затоа за да излезете од неа пробајте нешто поинакво. Набавете некоја сексуална игрчка, испробајте нова поза или друга просторија. Со промена на рутината ќе има напредок.

годинапопуларносекссовети