Како до мека и нежна кожа?

Заборавете на скапите креми и препарати! Се докажа дека медот, покрај неговите антибактериски својства е и моќен природен навлажнувач на кожата. Според најновите истражувања вистинскиот природен мед поседува способност да ја привлекува и задржува влагата во кожата.

Како неаграсивен и смирувачки продукт, благодарение на антиоскидантните својства, медот е особено препорачано средство за луѓето со чувствителна кожа и анки. Медот е особено полезен и за фината кожа околу очите.

Според експертите, слободно може да додадеме лажичка мед во било кој козметички производ – хидратантен крем, шампон, и да уживаме во благодетите и неговите лековити својства.

Ви нудиме една лесна рецепта за хидратантен серум направен целосно од природни компоненти и кој лесно можете да го подготвите во домашни услови.

Состојки:

1 супена лажица алое вера гел

4 парчиња краставица

½ кафена лажичка чај од камилица концентриран

½ кафена лажичка мед

Додадете ја камилицита во врела вода. После неколку минути оставете го чајот на страна да се олади. Се пасираат краставицата, алоето и медот. На крај додадете го и чајот од камилица. Нанесете со памукче од смесата околу очите. Овој еликсир се чува во стаклен сад покриен со фолија во фрижидер не повеќе од една седмица. Серумот се користи и за целото лице и вратот.

кожамаскамедмекапопуларно