Како да знаете дека сте претерале со кофеин

 

1. Имате необјасниви главоболки – сте пропуштиле една доза кафе и вашето тело реагира на ваков начин? Време е да почнете постепено да го намалувате дневниот внес на кофеин.

2. Срцето забрзано работи – некои луѓе го чувствуваат ова дури и по голтка кафе.

3. Чувствувате необјаснив немир – можеби причината е точно во филџанот кафе.

4. Мрзоволни сте – ако се чувствувате лошо пред да испиете кафе, а веднаш по првата голтка веќе е подобро, можеби сте зависни од кафе.

5. Не можете да заспиете – јасен знак дека сте претерале со кофеинот.

6. Кофеинот веќе не ви влијае никако – можете да испиете и по неколку филџани кафе и пак да сте поспани.

7. Ве мачи глад – некои луѓе веруваат дека кафето заситува, но баш напротив, може да предизвика необјаснива глад.

8. Едноставно, не можете без кафе – ако нема кафе, ве фаќа напад на паника? Зависни сте, преземете нешто.

главоболказнацикофеинпопуларно